Велигденска приредба за старите лица
Учениците од основното училиште „Толи Зордумис “ денеска им го честитаа Велигден на корисниците на услугите на Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Освен што им подарија велигденски јајца, учениците за старите лица изведоа и получасовна приредба.
Старите лица во домот ги обожаваат сите празници, меѓутоа денот Велигден за нив е со посебно одбележување. Пред некој ден со една поголема група на кориснички бевме и во црква, така што сите сакаат да ги негуваат сите оние христијански обележја кои што го разубавуваат овој празник, -изјави Росица Митевска, социјален работник
Во Зафир Сајто престојуаваат 145 стари лица претежно од североисточниот регион.