Велики петок, најтажниот ден во христијанството
Во сите храмови на православната црква денеска се одбележува Велики Петок или Распети петок, денот кога Исус бил фатен, мачен и распнат на крст.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале“.
Велики петок е строг пост со вода, а многу верници не пијат и не јадат да зајдисонце.
Покрај постот, на денот на христијанската жалост не се работи по дома, ниту на поле.Обичај е тој ден да се вапцуваат велигденски јајца.
Според христијанското учење, страдањето му предходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.
Во Македонија Велики петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповест.