Вељановски ги распиша изборите
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември.

Како што соопштуваат од неговиот кабинет, мандатот повторно му се враќа на народот, кој е единствен и најлегитимен авторитет да суди, да оценува и да одлучува која политичка опција треба да ја добие честа, но и обврската да ја води нашата држава.
„Во меѓувреме, Република Македонија ќе влезе во еден сложен период на засилена активност на политичките партии, кој, искрено верувам, ќе помине во една зрела, достоинствена и одмерена атмосфера чиј врв ќе бидат изборите на 11 декември“, стои во соопштението.
По потпишувањето Решението ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК).