×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верификуван мандатот на советникот Салиевски

    31.01.2017 11:18 | KumanovoNews

    На денешната седница на Советот на Општина Куманово верификуван е мандадот на советникот Самет Салиевски од СДСМ, кој доаѓа на местото на Максим Димитриевски.

    Верификуван мандатот на советникот Салиевски

    Салиевски пред советниците даде свечена заклетва дека совесно и одговорно ќе ја извршува функцијата.

    „Иако остана кратко време, уште неколку месеци до завршување на мандатот, ќе дадам се од себе за што поголем допринес на работата во Советот. Како член на СДСМ ќе ја спроведувам програмата на локалната самоуправа во интерес на сите граѓани, а пред се за прашањата што ги засегаат претставниците од ромската заедница,- изјави Салиевски.

    Колегите му ја честитаа новата функција на Салиевски, но побараа да поднесе оставка во управните и надзорни одбори за да нема судир на интереси со новата функција.

    Салиевски е вработен во ЈП „Чистота и Зеленило„, долгогодишен спортист и претседател на КУД „Рушид Шакир“.