×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ветераните од Бугарија на гости во Куманово

    23.05.2016 13:25 | KumanovoNews

    Делегација на армиските и полициските ветерани од Ќустендил и Дупница-Бугарија, предводена од  полковникот Јордан Шишков во саботата беа гости на кумановското Здружение на армиските  и полициските ветерани (ЗАПВАРС) од Куманово.

    Ветераните од Бугарија на гости во Куманово

    Во мошне срдечна атмосфера, ветераните од двете соседни држави на средбата организирана под покровителство на градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски во Меморијалниот комплекс на АСНОМ во Пелинце, разменија искуства од своите програмски активности и се договорија за понатамошна меѓуграничка соработка во рамките на проекти од заеднички интерес и од интерес на граѓаните од регионот на двете пријателски држави. За формите на натамошната соработка говореа претседателите на двете здруженија – Јордан Шишков и Драган Стојмановски. На особено задоволство кај кумановските ветерани наидоа желбите на нивните колеги од Бугарија за остварување на заеднички меѓугранични проекти со финансиска и друга поддрша од НАТО и Европската унија во што ветераните од Ќустендил и Дупница имаат одредени  конкретни искуства.

    Во своето пригодно обраќање градоначалникот Дамјановски ја поздрави средбата и традиционалното другарување на ветераните од Куманово, Ќустендил и Дупница и вети соодветна логистичка и друга помош за заедничката програма на ветераните од трите градови. Гостите од Бугарија потоа изразија желба за почести средби и другарувања по што беше договорено ветераните од двете соседни земји да се среќаваат најмалку по еднаш на секои три месеца.На крајот ветераните од Македонија и Бугарија средбата во Пелинце ја завршија со заедничка фотографија пред мозаикот на Меморијалниот центар на АСНОМ.