×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ветераните пред споменикот на Вера Которка

    13.06.2016 09:01 | KumanovoNews

    Викендов, група на Здружението на ветерани (ЗАПВАРС) од Куманово го посетија споменикот на Вера Трајковска – Которка на Пониква кај Кочани.

    Ветераните пред споменикот на Вера Которка

    При тоа со полагање на букети свежо цвеќе и со историски час ја одбележаа 72- годишнината од погибијата на младата партизанка – гимназијалка од Куманово, која во една борба со бугарската фашистичка војска загина за слободата на Македонија на 11 април 1944 година на својата 19-годишна возраст.

    -Не пропуштивме и овојпат да го посетиме споменикот на Вера Которка на Пониква и да и’ оддадеме должна почит на нашата млада хероина која со својата храброст и пожртвуваност беше рамо до рамо со своите другари соборци во сите пресудни и победоносни борби. Оваа предана скоевка и Карпошовка е еден од најсветлите ликови од нашата НОВ и револуција, а ние доаѓаме за да му се поклониме на нејзиното свето дело – изјави за Кумановоњус претседателот на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово, Драган Стојмановски.

    За ликот и делото на Вера Которка пред нејзиониот споменик говореше портпаролот на Здружението на ветераните Борко Стојановски. Потоа ветераните пред споменикот посадија неколку украсни дрвја, а по што, организираа неколку часовно другарување во придружба и на тричлена делегација од СДСМ на Кочани кои се обврзаа почесто да го посетуваат и одржуваат спомен – обележјето на Вера Которка.