Видовденски турнир во мал фудбал
15.06.2016 13:35
| KumanovoNews
Српската заедница во Куманово оранизира традиционален турнир во мал фудбал, по повод Видовден.

Свеченото отворање ќе биде во недела во 18 часот на игралиштето кај Соколана. Турнирот ќе трае до 29 јуни, а ќе земат учество 16 екипи кои ќе бидат поделени во 4 групи. Предвидени се награди, пехари и медали за најдобрите три екипи, како и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и најкорисен играч.
Пред финалето предвидено е да се одигра ревијален натпревар, како и настап на Културно уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово. Наградата за најдобрата екипа предвидено е да ја додели големата фудбалска легенда Драган Мутибариќ.