×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Виктор Петковски по втор пат го фати крстот во „Свети Никола„

    19.01.2017 09:48 | KumanovoNews

    Виктор Петковски (22) од населбата Долно Којнаре го фати светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ во Куманово.

    Виктор Петковски по втор пат го фати крстот во „Свети Никола„

    Петковски беше најсреќан од дваесетината момчиња кои ја продолжија традицијата и за големиот празник Богојавление-Водици скокаа по крстот.

    „ Очекувам многу здравје, среќа, мир и благослов на сите. Се надевам дека оваа година среќата ќе ми донесе вработување , - изјави Виктор.

    Од црквата и спонзорите среќното момче доби икона и подароци.

    Тој скока по крстот по седми пат, но не се надевал дека ќе го фати, бидејќи и пред една година крстот завршил во неговите раце. Им препорачува на сите млади да се охрабрат и да скокаат по крстот и да го почувствуваат задоволството  верската припадност.

    На фрлањето на светиот крст во базенот на црквата „Свети Никола“ присуствуваа голем број на граѓани. Откако запалија свеќи и се помолија за здравје, верниците наполнија од осветената вода.