×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Влажни коловози и кашаст снег по патиштата во државата

    18.01.2017 08:22 | KumanovoNews

    Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

    Влажни коловози и кашаст снег по патиштата во државата

     Снег со слаб интензитет паѓа во кумановското село Павлешенци, Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато,Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино,  Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец.

    Слаб дожд врне во Удово и Гевгелија. Магла со видливост до 50 м има на Плетвар.

    Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планински превој Стража, Маврово и Ѓавато.

    Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д.Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

    ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

     Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

    Синоќа од 23 часот до 1 по полноќ, сообраќајот на автопатот Скопје – Куманово кај клучка Рафинерија, поради извртено тешко моторно возило, беше целосно во прекин за секаков вид на сообраќај.