×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Влетал со џип во излог поради нерасчистени долгови

    16.08.2016 14:20 | KumanovoNews

    Кумановец влетал со џип во излог на приватна фирма откако со газдата се степале заради нерасчистени долгови.

    Влетал со џип во излог поради нерасчистени долгови

    Инцидентот се случил вчер во 9.30 часот на ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“, спроти градската болница, во канцеларијата на „Бајер“. Ф.М.(33) од Куманово пристигнал во фирмата и започнал распаравија со сопственикот С.Р.(62) од Куманово, поради нерасчистени должничко-доверителски односи. Караницата прераснала во тепачка во која се вклучиле Б.Ќ. и А.Р., при што на Ф.M. му нанеле видливи повреди по главата и телото. Натепаниот изреволтиран излегол надвор и со своето  ПМВ „БМВ Х5“ со охридски регистарски ознаки со предниот дел влетал преку излогот во внатрешноста на објектот. Потоа, роднините, повторно го нападнале удирајќи го со парчиња огревно дрво, а го оштетиле и џипот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. По насоки од Јавен обвинител против сите горенаведени лица ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело „насилство“.