×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот за загадување на градот

    05.01.2017 14:27 | KumanovoNews

    Советничката група на коалицијата  на ВМРО-ДПМНЕ побара Советот на Општина Куманово да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за енормното загадување на Куманово и за изнаоѓање на итни мерки за решавање на проблемот.

    ВМРО-ДПМНЕ бара вонредна седница на Советот за загадување на градот

    „Како резултат на енормното загадување во Куманово алармиравме и побаравме од општината и градоначалникот да преземат конкретни мерки за намалување на огромната концентрација на токсични материи во воздухот меѓу кои и ПМ 10 честичките, кои пред некоја вечер достигнаа и до 676 mg/m3, што претставуваше апсолутен рекорд, ако знаеме дека за чист воздух се смета до 25 mg/m3. Покрај нашите апели, градоначалникот и локалната власт сеуште немат преземано никакви мерки за ублажување на состојбата со загадувањето во нашиот град, - изјави на прес-конференција претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Драган Петковски.

         Тој потсети дека СДСМ во изборната кампања пред граѓаните ветувала мерки со кои ќе ја намалила загаденоста.