×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт го остави градот без улично осветлување

    14.05.2016 15:30 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа од локалната власт да обезбеди квалитетно улично осветлување во градот.

    ВМРО-ДПМНЕ: Локалната власт го остави градот без улично осветлување

    Според партијата поголем број на граѓани алармирале до нив дека одредени делови во градот се во тотален мрак, бидејќи уличните светилки не работат.

    „Од среда навечер во половина од градот е исклучено уличното осветлување. Како резултат на ова во вечерните часови градот не функционира нормално, што е последица на неодговрноста на локалната власт која е должна да ја одржува инфрaструктурата, а воедно и да плаќа сметки за струја. Очигледно договорот кој го имаат потпишано со ЕВН, општината не го почитува и продолжува да не ги сервисира редовно своите обврски. За истите сметки  граѓаните секој месец одвојуваат свои пари плаќајќи со сметките за струја и не мала сума за улично осветлување, но општината овие средства не ги троши за она за што се наменети  и очигледно ги пренаменува за други потреби, - рече Драган Петковски, пртседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конфернција.    

     Тој го повика градоначалникот, што поскоро да го реши проблемот со уличното осветлување се во интерес на граѓаните на Куманово.