ВМРО-ДПМНЕ организира крводарителска акција
10.02.2016 10:16
| KumanovoNews
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ општински комитет Куманово, утре организира крводарителска акција.

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре од 11 до 15 часот, крв ќе даруваат членови и симпатизери на партијата. Од Црвен крст Куманово очекуваат дека ќе бидат собрани 40 до 50 единици крв.