×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Петрушевски залудно се правда, вината е во лошото менаџирање

    04.04.2017 18:39 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ за состојбата во кое се наоѓа претпријатието и тврди дека директорот залудно се обидува вината да ја префрли на друго место, поради блокираната сметка и штрајкот на вработените.

    ВМРО-ДПМНЕ:Петрушевски залудно се правда, вината е во лошото менаџирање

    „Директорот залудно се правда и го насочува прстот кон другите. Вистината е една, а тоа е неспособноста за менаџирање и немањето на одговорност на самиот директор кој ги користи ресурсите на претпријатието за угостителство, спорт и рекреација и други активности, а најмалку за основната дејност за кое е и формирано јавното претпријатие, а тоа е одржување на чистота во градот. Општината и јавните претпријатија се дават во долгови, а граѓаните во кал, смет и други комунални проблеми, - изјави Анета Шандева-Доневска од ВМРО-ДПМНЕ.

    Таа го повика директорот да не дозволи на градот да му се случи еколошка катастрофа и епидемија од заразни болести.