Внимателно со мрсна храна за празниците
30.04.2016 09:45
| KumanovoNews
Да не се претерува со јадење мрсна храна и јајца за Велигден, советуваат лекарите.

Оваа препорака особено треба да ја почитуваат хронично болните, луѓето кои имаат проблеми со жолчката, холестерол и шекерот, но не треба да се форсираат ни здравите.
Да се јаде умерено.Иако е празник да се внесува повеќе зеленчук и овошје, а помалку мрсно и алкохол,- советуваат лекарите.
Посебно треба да внимаваат оние што во предходните денови постеле и треба постепено да го прилагодат организамот на покалорична храна со месо.