Внук малтретирал баба заради пари
03.03.2017 13:03
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Т.С. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Пријавениот подолг период ја малтретирал, навредувал и и упатувал заканувачки зборови дека ќе посегне по животот на неговата баба М.И.(83) од Куманово.
Последен пат, пред три дена, околу 10.00 часот внукот отишол во куќата на бабата во Куманово, при што и се заканил дека ќе ја убие ако не му даде пари за негови потреби, со што предизвикал страв и несигурност кај оштетената.