Во Бабин Дол гореше сува трева
18.02.2016 10:17
| KumanovoNews
Пожар со запалена сува трева вчера имаше во населбата Бабин Дол.

Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатите 24 часа бележи една интервенција во Бабин дол, на запалена сува трева при што пожарот е изгаснат во периодот од 17.50 до 18.35 часот. Огнот е локализиран со 1 возило и 4 пожарникари.
Други интервенции во последното деноноќие немало.