×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Боро Менков“ одбележан Денот на меѓународен совет за воени спортови

    19.02.2016 09:52 | KumanovoNews

    Припадниците на единиците лоцирани во касарната „Боро Менков” во Куманово, вчера преку спортски активности го одбележаа Денот на меѓународен совет за воени спортови.

    Во „Боро Менков“ одбележан Денот на меѓународен совет за воени спортови

    Одбележувањето започна со постројување на единиците, свечено отварање на Денот на меѓународен совет за воени спортови, екипно натпреварување во влечење јаже, мал фудбал, пинк понг, шах и кошарка.

    Овој спортски настан истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, единаесетта година по ред, под мотото „Спорт за сите“.

    Република Македонија во мај 2005 година е примена како 127 земја членка во овој совет, со што се стекна право на учество на сите меѓународни состаноци и спортски натпревари во негова организација. За овој настан се предвидува 18- ти февруари, ден на кој во далечната 1948 година е формиран Меѓународен совет за воени спортови.

    Целта на овој проект е промовирање на здравјето, физичката кондиција и пријатно чувство низ активности достапни за секој припадник, преку мотото “Спорт за сите”. Заради промовирање на здравјето, физичката кондиција и психофизичкиот ментален склоп кај секој припадник на АРМ, низ спортски активности развивајки пријатно чувство и поголем елан за работа, транспарентност, но и создавање општа култура за спортување.

    Со развојот на воените спортови застапени во повеќе дисциплини, АРМ е отворена за учество на цивилните структури во Република Македонија, со што активно се вклучува во проектот на „Пријателство преку спорт“ преку кој придонесува и во развојот на спортот и спортската култура во Република Македонија.