Во Добрешане откриени 39 мигранти во камион
02.06.2016 12:23
| KumanovoNews
39 мигранти, од кои 21 малолетни лица, вчера биле откриени во напуштено ТМВ „Форд Транзит“ во населбата Добрешане.

Полицијата ги пронашла во 3 часот по полноќ без документи за идентификација. По наредба на ЈО, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во ПЦС-Скопје до расветлување на настанот, додека останатите 36 лица мигранти ќе бидат вратени во ТЦ- Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Р.Грција.
На обиколницата Куманово-Св.Николе, во исто време, полицијата открила четворица струмичани кои се движеле со две возила.