×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Кочо Рацин“ промовиран проект за деца со развојни проблеми

    19.02.2016 13:42 | KumanovoNews

    Во основното училиште „Кочо Рацин“ денеска беше промовиран проект „Рано адаптивен развој и социјализација за деца со развојни потешкотии“, кој училиштето го реализира заедно со Здружението за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

    Во „Кочо Рацин“ промовиран проект за деца со развојни проблеми

    Се работи за проект кој ќе трае 6 месеци, а преку него децата со развојни проблеми ќе работат со професор по физичко и дефектолог. Проектот е поддржан од ИРИС мрежата и од ЕУ.

    Три пати неделно за време на наставата  доаѓаат да работат со децата со потешкотии во развојот стручни лица. За овој краток временски период можам само да кажам дека учениците постигнаа задоволителни резултати, на општо задоволство на наставниците и нивните родители. Сум била сведок на тоа како овие деца се интегрираат во наставата и тоа за жал навистина е тешко и колку да се труди наставникот да го задржи вниманието на децата, не успева да го стори тоа затоа што покрај него има уште 30 деца кои чекаат - изјави Лидија Пешевска, директорка на „Кочо Рацин“.

    Целта на овој проект е да се подобри развојот и социјализацијата на овие деца.

    Да се подобрат способности од одредени развојни области. За крајните резултати сè уште е рано да говориме, меѓутоа ние започнавме со реализација на активностите и уште од самиот старт се забележуваат придобивките од самиот проект. Наставничкиот кадар е задоволен, исто така и родителите и децата. Од крајните резултати очекуваме да се подобри развојот на децата, а исто така и да креираме политики со што ќе се лобира до локалното ниво, централното ниво да може да се имплементира стручниот кадар во училиштето - изјави Марија Цакиќ, проектен координатор.

    Стручните лица работат со 10 ученици од „Кочо Рацин“. Од „Порака наша“ велат дека овој проект е наменет за најмладите.

    Ќе покажеме дека со напорна работа, почитувајќи го принципот на индивидуализација ќе постигнеме резултати, ќе покажеме дека дефектолозите навистина се потребни во сите училишта каде што постојат деца со посебни образовни потреби - вели Фросина Симоновска, магистер по дефектолошки науки.

    Проектот беше промовиран пред претставници од повеќе училишта од Куманово.