×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово 6 сантиметри снег, температурата -2

    17.01.2017 08:28 | KumanovoNews

    Висината на снежната покривка во Куманово утринава е 6 сантиметри, а минималната температура ноќеска изнесувала -2 степени Целзиусови.

    Во Куманово 6 сантиметри снег, температурата -2

    Најмногу снег напаѓало во Лазарополе 71 сантиметар, а најмалку во Охрид 1 сантиметар. Најстудено било во Маврово со -8 степени, а најтопло со 0 степени во јужниот дел на државата.

    Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.

    Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата  ќе достигне до околу 2 степена.

    Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, и доста изобилни, каде  се очекува да да наврнат над 30 л/м2 воден талог, особено повеќе ќе бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.