Во Куманово наврнаа 19 литри на м/к дожд
11.03.2016 10:04
| KumanovoNews
Во изминатото деноноќие во Куманово наврнале 19 литри на метар квадратен.

Според Управата за хидрометеоролшки работи најмногу дожд наврнало во Виница 30 литри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 9 до 16 степени.
За викенд земјава ќе биде под влијание на нов влажен бран и повторно ќе има врнежи од дожд.