×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово паднаа 38 литри дожд

    09.11.2016 10:30 | KumanovoNews

    Во Куманово во зиминатите 24 часа наврнаа 38 литри на метар квадратен.





    Во Куманово паднаа 38 литри дожд

     Според мерењата на УХМР, најмногу дожд наврна во Маврово 81, Пожаране 61, Лазарополе 59, Тетово 54 и Дебар 48.

    Во Скопје се наврнати 40 литри на метар квадратен, Куманово 38, Берово 32, Битола 28, Крива Паланка и Крушево 26, Охрид 23, Струмица 21, Тополчани 18, Дојран 16, Гевгелија и Претор 12, Штип, Виница, Прилеп и Ѓуриште 11 и Демир Капија 9.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Температурата ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

    Утре врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини во северзападниот дел од земјава ќе поминуваат во снег.

    Променливо облачно  со повремени локални врнежи врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање.