Во Куманово првото бебе машко
Родено е во 8.15 часот на гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, тешко е 4.5 килограми.

Првото бебе во Куманово во 2017 година е машко. Родено е во 8.15 часот на гинеколошко-акушерското одделение во Кумановската болница, тешко е 4.5 килограми. На свет го донесе Сафије Арифи (31) од Куманово, на кое ова и е трето дете.
- Бебето е родено со царски рез. И мајката и новороденчето се чувствуваат добро. Во новата година до 13 часот имаме само две породувања,- информираше дежурниот гинеколог Даниел Милковски.
Традиционално, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и директорот на болницата Ариф Латифи однесоа подароци на бебето и мајката.
- Како подарок оваа година се одлучивме за да подариме штедна книшка со паричен надомест во висина на една просечна плата. Тоа сигурно повеќе ќе му значи на семејството во оваа тешка економска сотојба.Честитки до семејството од мое лично име и од име на граѓаните на Куманово. Се надеваме дека оваа година ќе има повеќе деца и ќе се подобри наталитетот во градот,- изјави градоначалникот Дамјановски.
Изминатата 2016-та година во кумановската болница се родени 1.400 бебиња.