×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово се одржа обука за младите

    28.03.2016 10:33 | KumanovoNews

    Петнаесет млади луѓе од регионот, присуствуваа на обука како една од проектните активности на проектот „Граѓанско учество во рурални средини“.

    Во Куманово се одржа обука за младите

    За обуката беше креиран Прирачник за обучувачи со обработени теми од целите на проектот и тоа : општ дел со методологија за идните обучувачи, правен поредок, локална самоуправа, екологија, бизнис планирање и комуникациски вештини.Прирачникот нуди добро систематизирана, реално остварлива материја која пред се има за цел да ги зголеми основните сознанија на потенцијалните обучувачи за темите, како и да ги зајакне нивните персоналните вештини.

      Обуката претставуваше вистински предизвик за учесниците кои успешно ја поминаа тридневната обука стекнувајќи се со вештини за спроведување на голем број на сесии користејќи симулации , студија на случаи , вежби , предавања и други техники.