Во среда и четврток прскање против крлежи
27.06.2016 08:57
| KumanovoNews
Во среда и четврток (29. и 30.06.), ќе се третираат зелените јавни површини во градот против крлежите.

Цел на ваквиот третман е спречување на ширење заразни болести од крлежите. Сите третирани површини ќе бидат видно обележани.
Не се препорачува подолг прстој на третираните површини како за луѓе, така и за животни, особено во период непосредно по извршен третман. Третирањето може да се одложи единствено поради неповолни временски прилики.