Во Старо Нагоричане промовирани проектите за вработување
05.02.2016 09:32
| KumanovoNews
Во рамки на „Отворени денови“ на Агенцијата за вработување вчера во општина Старо Нагоричане беа промовирани проектите за вработување.

Жителите се запознаа со можностите кои ги нудат проектите „Се бориме за секое работно место“ и „Македонија вработува“.
„Беше презентиран оперативниот план на Владата на Република Македонија со мерки и активности за вработување. На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски“-вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
На овој настан за мерките за вработување се информираа триесетина жители од општината Старо Нагоричане.