Во судир на два автомобили прегазени пешаци на „Октомвриска револуција“
Неколку лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што вечерва во 21 часот се случила на раскрсницата на улицата „Октомвриска револуција“, кај спортската сала Куманово.

Според очевидци, до соoбраќајката дошло кога автомобил шкода кој се движел од центарот кон периферијата на градот, на раскрсницата се судрил со автомобил сеад-ибица кој се движел од спротивната насока и вртел лево од булеварот. Еден од автомобилите излетал на тротоарот и удрил во паркиран пасат. При тоа биле повредени неколку случајни минувачи, мајка со две мали деца и две девојки кои се движеле по тротоарот, како и жена која ја возела шкодата. Дел од повредените биле пренесени во болница со возила на Итна помош а дел со приватни возила.
Екипа на полицијата се на лице место. Од Брза помош ни потврдија дека нивни екипи се на терен, но немаат точна информација за бројот на повредените.