Во судир на „Ровер“ и „Шкода“ тешко повредени 5 лица
Една девојка е тешко повредена и пренесена на лекување на скопските клиники, а уште 4 лица се задржани во Кумановската болница, по тешката сообраќајната несреќа на раскрсницата на бул.„Трета Македонска ударна бригада“ и .„Октомвриска Револуција“ во Куманово.

Сообраќајката се случила синоќа околу 21.50 часот, помеѓу автомобил „Ровер“ управувано од А.Ј.(18) од Куманово и „Шкода Октавија“ управувано од М.С.(24) од Куманово. Во незгодата со тешки повреди се здобила сопатничката во Роверот С.С.(19) од Куманово, на која и била укажана лекарска помош во Кумановската болница, по што била препратена во Ургентен центар-Скопје, додека возачите А.Ј, М.С. и сопатниците во ПМВ „Шкода Октавија“ А.Д.(28) и М.Т.(25), сите од Куманово, по укажаната лекарска помош задржани се на лекување.
Увид на лице место извршила екипа на Кумановската полиција.