×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вонредна дезинфекција против грип во градинките и болницата

    30.12.2016 10:47 | KumanovoNews

    Минатата недела регистрирани се нови 278 случаи на заболени од грип што е за 150 повеќе во однос на предходните 7 дена

    Вонредна дезинфекција против грип во градинките и болницата

    Центарот за јавно здравје започна вонредна дезинфекција за превенција од сезонски грип во градинката „Ангел Шајче„ и Општата болница Куманово.

    „Акцијата е при крај се одвиваше вчера и денеска. Извршена е дезинфекција во сите објекти во градинките и на одделенија каде што се хоспитализирани болните од грип. Во текот на зимскиот распуст ќе се дезинфицираат и сите училишта, - изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.

    Доктор Стаменковска вели дека бројката на заболени од сезонски грип во градот секојдневно се зголемува . Во текот на минатата недела регистрирани се нови 278 случаи на заболени од грип или слична сотојба на грип што е за 150 повеќе во однос на предходната недела. Најризична група се лицата на возраст од 17 до 64 години.  Според податоците на Институтот за јавно задрвје Куманово е трет град во државата со 728 заболени од сезонски грип, по Тетово и Скопје.