Вонредна крводарителска акција, зголемени потребите од крв
19.07.2016 09:16
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен крст Куманово организира -Вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи задутре (21 јули) од 9-14 часот во Центарот за култура.
Акцијата се организира поради тоа што во текот на летниот период Институтот за трансфузиона медицина - Куманово има зголемена потреба од крвни единици.