Вонредна седница на Советот за поплавите во скопско
07.08.2016 14:03
| KumanovoNews
Совето на општината Куманово утре во 12 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за помош на поплавените општини во Скопје.

На дневен ред е единствена точка, предлог план како да се помогна на општините кои претрпеа големи штети во вчерашните полави.
Секогаш сме се состанувале и реагирале во вакви случаи тоа ќе го сториме и сега и ќе помогнеме согласно нашите можност, - изјави претседателот на Советот Максим Димитриевски.
Тој воедно изразува сочуство до семејствата на настраданите.