Вооружен грабеж во маркет во Куманово
28.12.2016 10:57
| KumanovoNews
Во маркетот „Елида“ во населбата Карпош, вооружен напаѓач украл 57.000 денари.

Кражбата се случила синоќа околу 19.30 часот кога маскиран и со пиштол вооружен разбојникот влегол во продавницата и го побарал дневниот пазар.
Продавачката успејала да ги вклучи алармот, па кога напаѓачот забележал што сторила ја удрил по главата, а потоа ја натерал да отиде кон магацинот и да му ги даде парите. Потоа уште еднаш ја удрил вработената по главата и избегал во непознат правец.
Случајот е пријавен во полицијата и се работи на откривање на сторителот.