Возел во спротивна насока па нападнал полицаец
01.06.2016 10:17
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ц.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 12. мај годинава на ул. „Илинденска“, полициска патрола го запрела возилото на пријавениот затоа што возел во спротивна насока од дозволното. Кога сакале да му нашишат казна за прекршокот, скопјанецот нападнал еден од полициските службеници удирајќи го по телото.