„Вук Караџиќ“ го одбележа патрониот празник
Под мотото „Детето е дете насекаде во светот“, вчера основното училиште „Вук Караџиќ “ го одбележа патрониот празник и 71 години постоење и успешна работа.

Со скромна приредба пред родителите и наставниците, учениците ги покажаа своите вештини во рецитали, песни, ора и глума, ставајќи акцент пред сѐ на детските права и обврски и еднаквоста на децата во целиот свет.
Директорката, Надица Петровска, одржа поздравен говор во кој меѓу другото ги истакна успесите на сите ученици и ментори кои оваа учебна 2015/16 година, го претставуваа училиштето на општински, регионални и државни натпревари и коишто освоија високи награди, со што достојно го претставија училиштето во локалната средина.
„Чест и задоволство е тоа што учениците од ова улилиште со намален број на ученици, сепак освојуваат награди и постигнуваат успеси- истакна директорката Петровска.
Приредбата изобилуваше со точки од мултиетнички и меѓукултурен карактер, а веќе традиционално заедно настапија со учениците од соседното училиште „Наим Фрашери“.
На присутните гости на на влезот им беше подарено по 1 примерок од електронското издание на училишното списание „Вуков цвет- 2016“.