×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Забавен парк и тоалети за учениците во Умин Дол

    02.09.2016 13:50 | KumanovoNews

    Нови тоалети и детски забавен парк доби основното училиште „Карпош“ во село Умин Дол.

    Забавен парк и тоалети за учениците во Умин Дол

    Проектот е финансиран од Британската амбасада и општина Куманово, а чини 3,5 милиони денари.

     „Два милиони денари обезбеди МЦМС, а 1,5 милиони денари општина Куманово. Врз основа на мислењето на жителите направиме проектот за приклучување на санитарните јазли за училиштето и за партерно уредување и уредување на забавен парк за младите. Ова училиште прв пат за десет години има запишано 23 ученици во прво одделение што покажува тенденција дека се враќа младоста во овој дел на Куманово“,- изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.

    Владимир Јовановиќ, директор на училиштето вели дека со овој преокт ќе се  обезбедат услови за престој и рекреација на учениците.

     „Овде учат деца не само од Умин Дол, туку и од Ново Село и Љубодраг. И вработените и децата се пресреќни што по толку години конечно добивме нов санитарен јазол, училишниот двор е поплочен и учениците ќе можат да го користат игралиштето“, - изјави Јовановиќ.

     Проектот од МЦМС се релизира откако беа одржани повеќе средби со жителите на Умин Дол кои ги одредија приоритетите за решавање на проблемите во селото.

    Селото Горно Којнаре од истиот прокт доби асфалт на две улици во селото.