Забрането движење во шума
Од вчера започна забраната за движење во шуми и шумските појаси, која ќе трае до 15 август.

Ограничувањето не важи само за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како и за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови во Република Македонија, која ќе биде во придружба на престваник од ЈП „Македонски шуми“ или Националните паркови.
За не почитување на одредбите од ова забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума без соодветна дозвола од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра.
Дозволено движење во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација е од 17 до 7 часот, на сопствена одговорност за својата безбедност.