Заев на средба со ветераните во Куманово
29.03.2016 15:09
| KumanovoNews
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, утре ќе се сретне со армиските и полициски ветерани во Куманово.

По средбата ќе се одржи трибина во Клубот на армиски и полициски ветерани “Карпош„, со почеток во 18 часот.
Претседателот на СДСМ ќе зборува за актуелната политичка состојба во државата и ќе ја представи програмата на партијата пред присутните. Ги повикуваме нашите членови и сите граѓани кои се заинтересирани да присуствуваат на трибината, - изјави Киро Соларски.