Загина тракторист во Габреш
08.11.2016 14:41
| KumanovoNews
Жител на кумановското село Габреш вчера попладнето го загуби животот откако му се превртел тракторот со кој орал.

Како што соопшти полицијата, синоќа во 18:45 часот Д.А.(55) додека ја орал нивата му превртел тракторот и го повредил, од што починал на место на настанот.
Увид извршила екипа од СВР-Куманово. Со согласност на јавен обвинител телото на починатиот е оставено на семејството.