Загина тракторист во Тромеѓа
02.10.2016 11:39
| KumanovoNews
Тракторист загинал во селото Тромеѓа откако го прегазил трактор.
Несреќата се случила вчера во 9.30 часот, кога С.П.(59) се обидел да го стартува тракторот, но притоа возилото тргнало и го прегазило. Со возило на Итна помош повредениот бил пренесен во Кумановската болница. Безуспешни биле напорите на лекарите за негова реанимација, повредите биле фатални. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавно обвинителство телото на починатиот било предадено на семејството.