×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна ликовната колонија „Карпино“

    09.09.2016 11:27 | KumanovoNews

    Во комплексот Грација започна 14. Меѓународната ликовна колонија „Карпино 2016“.

    Започна ликовната колонија „Карпино“

     Учество ќе земат 16 уметници од Македонија, Србија, Бугарија и Романија.

    „ За жал нема можност да сликаат во манастирот Карпино, бидејќи знаеме дека конаците се во лоша состојба и прераснавме во урбана колонија. Затоа ќе биде збогатена со други содржини, како што е драмска и музичка вечер, изложба на уметничка фотографија. Како и минатите години и оваа уметниците  ќе ја посетат поставката на стари икони во црквата “Св. Никола„ во Куманово, манастирот Карпино, црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ, - вели Мирослав Величковски, уметнички раководител на колонијата. 

    Се очекува уметниците да создадат 40-тина дела во повеќе техники.Организатори на изложбата е мултимедијалниот центар Карпино со подршка на општината Куманово. Досега поминале над 200 учесници на колонијата и оставиле уште толку дела. Колонијата ќе трае до 14 септември.