Започнa Неделата на отворено образование
07.03.2016 10:59
| KumanovoNews
Неделата на отворено образование се одржува од 7 до 11 март, и има за цел да го покрене интересот за бесплатно и слободно споделување во образованието и придобивките кои учителите и учениците би ги имале со истото.

Отвореното образование вклучува бесплатен и отворен пристап до платформи, алатки за проценка, истражувања и учебници, сите достапни за бесплатно користење и модифицирање под отворена лиценца. Движењето за отворено образование има за цел намалување на бариерите, зголемување на пристапот и трагање по подобрувања во образованието преку отворено споделување на образовните ресурси.