×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна обуката за пријавување и оданочување на приходи од закуп

    25.10.2016 09:11 | KumanovoNews

    Во Куманово денеска започна обуката на УЈП на тема „Пријавување и оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот”.

    Започна обуката за пријавување и оданочување на приходи од закуп

    Педесетина сметководители и граѓани од Куманово присуствуваа на еднодневната обука во Центарот за култура.

      „Посетителите ќе се стекнат со знаење преку практични примери за начинот на пријавување и одданочување на остварените приходи и даночните поволности. УЈП ќе продолжи со едукативните програми се со цел зголемување на свеста и едуцираноста на даночните обврзници за нивните права и обврски, - изјави Сузана Стошевска- Николовска, раководител во одделението на УЈП Куманово.   

    Обуката во Куманово е првата од вкупно 46 едукативни работни средби со граѓаните, кои ќе се реализираат и во други 36 општини низ Република Македонија.