×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна прославата на големиот јубилеј на КУД „Панче Пешев„

    21.10.2016 10:29 | KumanovoNews

    Со изложба на фотографии и целовечерен концерт во Центарот за култура, синоќа започна одбележувањето на големиот јубилеј 90 години постоење и успешна работа на  КУД „Панче Пешев„ Куманово.

    Започна прославата на големиот јубилеј на КУД „Панче Пешев„

    Посетителите имаа можност преку сликите да се запознаат со најзначајните настапи на играорците во земјава и странство, во изминатите 9 децении.

    „Имаме фотографии од 1946 до 2006 година. Тоа се фотографии и слики кои се направени со Народен музеј Куманово, што ги чуваме, што велат кумановци, како „очи во глава“. За последните 10 години имаме околу педесетина фотографии од најдобрите настапи во европските градови, односно на фестивалите низ Европа. Има доста признанија, награди и плакети, неколку носии од Куманово. Во последните години без разлика на проблемите што ги имавме, успејавме да го презентираме кумановскиот и македонскиот фолклор, како во земјава така и надвор од неа, - изјави Мирослав Крстевски, претседател на КУД „Панче Пешев„.

    По завршување на изложбата се одржа целовечерен концерт на културно-уметнички друштва од Скопје, Битола, Горњи Милановац, Барна и домаќините. Пред почетокот на манифестацијата низ улиците на градот имаше дефиле на учесниците.

    Прославата на 90 години КУД „Панче Пешев„ продолжува вечерва во 18.00 часот со промоција на монографија и Свечена академија.