×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна вакцинацијата против сезонски грип

    27.10.2016 11:06 | KumanovoNews

    Близу 200 граѓани се вакцинирале против сезонски грип во Центарот за јавно здравје во Куманово.

    Започна вакцинацијата против сезонски грип

    Вакцинацијата започнала од вчера, а интересот на граѓаните е многу голем.

    „Оваа година набавивме 1400 вакцини од холандски производител и за два дена се потрошени 190. Цената е 400 денари. Ги повикувам сите граѓани кои имаат над 65 години, хронично болните, посебно оние со срцеви и белодробни заболувања, како и вработените во јавната администрација и здравствените работници да се заштитат од сезонскиот грип за да се спречат евентуални компликации, - вели др. Јадранка Стаменковска, епидемиолог.

    Имунизацијата против сезонски грип се врши секој ден од 7 до 15 часот во просториите на Центарот за јавно здравје.