Започнаа уписите во музичкото училиште
01.09.2016 08:15
| KumanovoNews
Во основното музичко училиште „Панче Пешев“ започнаа уписите на нови ученици во новата учебна 2016/17 година.
Училиштето има капацитет да запише 50 нови ученици кои ќе бидат распоредени за изучување на инструментите:пијано, хармоника, виолина, гитара, кларинет,труба и пеење. Можат да се запишат ученици од 6-12 годишна возраст, - соопштуваат од училиштето.
Уписот ќе трае од денеска до наредниот петок (9 септември).