×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнаа уписите во планинарското друштво Куманово

    16.12.2016 11:01 | KumanovoNews

    Планинарското друштво Куманово започна со прием на нови членови за наредната 2017 година.

    Започнаа уписите во планинарското друштво Куманово

    Целта е да се промовира здравиот начин на живот, афирмација на планинарството како спорт и заштитата на животната средина.

    „Во плановите за 2017 година е да организира неколку самостојни планинарски акции, а нема да бидат заобиколени и акциите организирани од страна на ФПСМ и клубовите со кои друштвото има воспоставена соработка.Освен македонските планини во наредната година се планирани искачувања наЈулиските Алпи во Словенија, планините Рила и Пирин во Бугарија, Олимп во Грција и Дурмитор во Црна Гора, - информира Стефан Илиевски -портпарол во друштвото.

    Чланаринатата изнесува 350 денари (100 денари за планинарска книшка на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија и котизација од 250 денари за потребите на друштвото).

    Сите заинтересирани може да се пријават на редовните состаноци на друштвото што се организираат секој вторник од 19 часот во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ (заден влез).