×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува проектот за селекција на отпад

    18.04.2016 13:11 | KumanovoNews

    Започна реализацијата на проектот за селектирање на отпад во општината Куманово.

    Започнува проектот за селекција на отпад

    На неколку локации во централното градско подрачје, ќе се постават и контејнери за хартија, пластика и стакло, каде граѓаните ќе можат да фрлаат селектиран отпад.

    „Суштината е да се намалат количините на отпад. Со селекција на отпадот добиваме заштита на животна средина, бидејќи ги враќаме сировините во употреба.На тој начин Куманово  е дел од градовите која ја има оваа стратегија за селектирање на отпад“, - изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово, по потпишување на договорот со ЈП „Чистота и зеленило“ и фирмата „Пако-мак“, кои ќе го спроведуваат проектот.

    Граѓаните на Куманово годишно создаваат околу 50.000 тони отпад, од кои 10.000 тони отпаѓа на амбалажен отпад. Во првата година ќе се постават 40 контејнери, а во следниот четири години на сите локации во градот и околината.

    „Со примарната селекција на отпадот ќе одиме во неколку фази со тоа што прво централното градско подрачје, втора фаза ќе бидат приградските и селските средини. Оваа работа за Куманово е пионерска мислам дека ќе донесе голем бенефит. Ова е голем исчекор во борбата со отпадот и со зачувување на еколошката средина на општината, - рече директорот на ЈП Чистота и зеленило, Сашо Петрушевски.

    Паралелно со оставувањето на контејнери низ градот ќе започне и кампања меѓу граѓаните за подигање на свеста каде што да се фрла.Први беа учениците во основното училиште „Крсте Мисирков„.

    „Почнуваме денеска во основните училишта од прво до петто одделение ќе се запознаа со бенефитите од рециклирањата на еден интересен начин, како училиштен час. Веруваме дека почнувајќи од најмалите па со поголемите основци и средношколците со тек на време Куманово ќе стане еколошки град во кој навистина граѓаните ќе се грижат за животната средина и нема да ги оштетуваат контејнерите кои ќе ги поставивме, - рече Филип Ивановски, управител на Пако мак.

    Градоначалникот апелираше до граѓаните цивилизирано да се однесуваат кон новите садови за смет, бидејќи досегашното искуство покажа дека постојано се уништува јавното добро.