×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнуваат божиќните пости

    28.11.2015 10:52 | KumanovoNews

    Божиќните пости започнуваат од денеска, со што верниците ќе треба да се воздржат од мрсна храна и лоши мисли во наредните 40 дена.

    Започнуваат божиќните пости

    Постот ќе трае  до  Божик 7 јануари - денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божик не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари. Секој празник носи духовна радост. Отец Игор Здравковски од Кумановско-осоговската епархија советува верниците да прават и  добри дела, да им помогнат на сиромашните, на оние на кои им треба помош.

    “Овој пост е поублажен. Среда и петок постиме без масло. Сабота и недела може риба, а останатите денови се користи зејтин. Доколку се падне некој од поголемите празници со црвено, како што е Свети Климент, Свети Наум, Пречиста Богородица се ублажува со риба. Во однос на јадењето и пиењето се бара умереност кога е строг пост. Не се внесува алкохол, а во останатите денови се што е во умерени количини е благословено“- вели  Здравковски.

    Тој објаснува дека постот ги учи луѓето да се воздржат. Кога човек ќе се научи да се воздржи од храна, ќе се воздржи и од зло.

    “Секој грев нанесува на некој наслада. Тргнувајќи од телото ќе го дисциплинираме и духот. Проблем настанува околу празнувањето на Нова година. На оние кои долго време постат, кои се литургиски утврдени луѓе, празнувањето на Нова година им доаѓа како една трпеза на која не е важно што ќе има. Реално да зборуваме, сега има многу избор за посна храна“-рече Здравковски.

    Тој вели дека изговор за непостење нема, а болните и старите луѓе кои не можат да се воздржат од храна, можат да побараат благослов од свештеник и сето тоа ќе вроди со духовни плодови.