Затворени за сообраќај улиците кај гимназијата
16.11.2016 12:37
| KumanovoNews
Поради имплементација на ИПА – проектот „Рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Општина Куманово“, денеска продолжуваат градежните работи на ул.„Кирил и Методиј“, на крстосница со ул.„Перо Чичо“.

Поради тоа сообраќајот на ул.„Кирил и Методиј“ нема да се одвива на крстосницата на ул.„Народна Револуција“ и ул.„Миле Кипра“. Следниот ден, поточно од 17.11.2016 г. (четврток) сообраќајот на ул.„Кирил и Методиј“ ќе биде вратен во нормален режин а ќе нема да може да се одвива сообраќајот на ул.„Перо Чичо“ на потег од крстосница со ул.„Кирил и Методиј“ до крстосница со ул.„Трета МУБ“.